Porsche пантентираше возачко седиште-кревет

ОБЈАВЕНО НА:

Светската организација за интелектуална сопственост (WIPO) регистрираше патент на Porsche за автомобилско седиште. Во стандардна позиција тоа не се разликува од традиционалното возачко седиште, но откако ќе се расклопи формира кревет.

Технологијата предвидува исто така и потпирач за нозете место склопување на педалите.

Предвидено е ваквите седишта да се монтираат на автономните возила од висока класа за кои не е потребна интервенција на возачот при управувањето. Во таквите автомобили возачот ќе може целосно да и се довери на електрониката и дури да спие за време на патувањето.

На фотографиите може да се види пресек на сегментот со изразена странична поддршка. Потпирачот за грб е значително подолг од хоризонталниот дел, а недостига и потпирачот за глава.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK