Porsche Panamera Turbo S E-Hybrid со 700 коњски сили и 870 Нм

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Porsche веќе заврши со модификaциското портфолио на Panamera сo најава на новата врвна модификација Panamera Turbo S E-Hybrid, која ветува максимална моќност од 700 коњски сили и максимален вртежен момент од 870 Нм.

Porsche Panamera Turbo S E-Hybrid дебитираше со четирилитарскиот, V8 битурбо мотор со внатрешно согорување со максимална моќност од 571 коњска сила и електричен мотор со моќнот од 136 коњски сили.

Новата хибридна модификација располага со батериски блок со капацитет од 17.9 kWh, иако истиот веќе може да се најде и во Panamera 4 E-Hybrid со нејзините 462 коњски сили максимална моќност.  Во чист електричен режим може да помине 50 километри.

Импресивните параметри на моќноста на Panamera Turbo S E-Hybrid се рефлектираат во можноста за забрзување од 0до 100 км/ч за 3,2 секунди и максимална брзина од 315 км/ч.

На територијата на Германија, Panamera 4 E-Hybrid се нуди за основна цена од 110.369 евра.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK