Вкупно 229.650 нови автомобили се продадени во Германија минатиот месец, покажуваат официјалните податоци објавени од страна на КБА. Тоа претставува пораст од 90% во споредба со април минатата година, но за 16% помалку во однос на просечната продажба забележана во април во последните години.
Volkswagen и натаму останува лидер со најголема апсолутна продажба. Германскиот бренд во четвртиот месец годинава успеа да испорача 43.230 нови автомобили. Следи Mercedes со испорачани 21.992 автомобили додека на третата позиција е BMW со испорачани 20.441 автомобили.
Најголем процентуален пораст забележа Smart од 382,5%, следи Tesla со 66%, па потоа Opel со 31,9%. Од друга страна, најголем процентуален пад забележа Mitsubishi од 42,1%, Honda од 36,7% и DS од 33,5%.
Од почетокот на годината до крајот на април продадени се 886.102 нови автомобии.