Пораст од 9,8% за Groupe Renault во првото полугодие од 2018

ОБЈАВЕНО НА:

Од Groupe Renault објавија податоци дека продажбата на патнички и леснотоварни возила, а тука се сметаат и Jinbei и Huasong, во првата половина од годината била зголемена за 9,8 проценти што е рамно на 2,1 милиони возила. Воедно брендовите Renault и Dacia запишуваат рекордни пазарни резултати за првото полугодие од 2018 година.

Продажбите на возилата на Renault во првата половина од годината достигнале ниво од 1.378.583 единици, што е зголемување за 2,4% во споредба со истиот период во 2017 година. Брендот ја зацврстува лидерската позиција кај електромобилите во Европа каде е забележан пораст од 11,6% и пазарел дел од 21,9%. Кај ZOE подобрувањето е 1,1%, додека кај Kangoo Z.E. е дури 125%.

Dacia ги заврши првите шест месеци во 2018 година со подобрување во реализацијата од 13,4% што е еднакво на 378.095 продадени автомобили, а Lada има свој допринос со 186.526 возила (+24%).

Воедно реализацијата на Renault Samsung Motors е на ниво од 38.580 автомобили, а тоа е пад за 26,9 проценти во однос на минатата година, додека бројките на продадени Jinbei и Huasong се 85.267 возила. Заживувањето на легендарниот бренд Alpine отчита продажба од 644 возила од почетокот на возилата.

Најголемата побарувачка на возилата на Groupe Renault е на територијата на Франција (389.216), а потоа во Топ 5 следуваат Русија (240.738), Германија (124.251), Италија (118.376) и Кина (117.646).

Следете не и на:

24AUTO NETWORK