Поради софтверски грешки се повлекува Polestar 2

ОБЈАВЕНО НА:

Вкупно 2.000 примероци од моделот Polestar 2 се повлекува од пазарите во Кина и Европа, потврди шведската компанија. Причината за повлекувањето се проблеми со софтверот кој предизвикува проблеми со дотокот на електричната енергија во текот на возењето.

Портпаролот на Polestar изјави дека на сите сопственици им се дадени упатства да се обратат до локалните овластени сервиси каде ќе бидат задржани нивните возила додека не бидат фиксирани проблемите.

Од компанијата наведуваат дека од следната година ќе биде достапна опцијата за безжично апдејтување на софтверот.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK