четврток, 26 февруари, 2026 година

Пocлeдни тecтoви за освежениот Fоrd Fосus

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Поминаа речиси три години од премиерата на последната генерација на Fоrd Fосus, што значи дека во сосема скоро време ќе се види обновена верзија на еден од најпопуларните хечбек автомобили на пазарот.

Од фотографиите објавени во АutоЕxprеss мoжe дa ce види, дека од брендот ги прават последните тестови на автомобилот со минимална камуфлажа на предниот и задниот дел, каде ќе бидат главните промени кај обновената верзија.

- Advertisement -

И покрај камуфлажата, која има за цел да ги сокрие новите форми на Fосus, се чини ќе има разлики во предниот браник, како и во дизајнот на фаровите. Најверојатно обновениот хечбек ќе загуби и од светлата за магла во долниот дел бидејќи на нивното место ќе се појават отвори за воздух.

На задниот дел најголемата разлика е во стоп светлата кои се со нова форма бидејќи најверојатно ќе биде виден и обновен дифузер во долниот дел од браникот.

Промените во ентериерот исто така нема да бидат многу, а најверојатно основата ќе биде поставувањето на поголем екран на информацискиот систем, како и ибновен софтвер. Тешко дека ќе бидат видени и големи промени кај погонскиот систем, каде што во моментов се нудат 1.0-литарски трицилиндричен бензинов мотор со 125 коњски сили или 155 коњски сили, како и 1.5-литарски дизел со 120 коњски сили. Најверојатно ќе е зачува и моторот со ST верзијата, кој е со обем од 2.3-литри и моќност од 280 коњски сили.

 

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја