По Purosangue, сега Ferrari подготвува уште два SUV модели

ОБЈАВЕНО НА:

Ferrari е еден од ретките брендови во автомобилската индустрија кои се уште немаат SUV модел во својата понуда. Во моментов додека италијанскиот производител работи на тестирање на првиот SUV, Purosangue, се појавуваат нови пишувања за идните планови.

Според истите, Ferrari во наредните години треба да лансира уште два SUV модели кои ќе бидат целосно електрични.

Станува збор за модели на кои во моментов работи инжинерскиот тим на Ferrari, а се заведени под кодните ознаки F244 и F245. Едниот од нив би требало да се појави во 2024 година, а другиот две години подоцна. Двата модели ќе располагаат со четири електрични мотори кои ќе продуцираат 610 КС и батерија од 80 kWh.

Оваа вест засега не ја потврди никој од Ferrari, а италијанските медиуми најавуваат дека информациите за овие модели официјално ќе бидат потврдени во текот на 2021 година кога ќе се случи и премиерата на продукциската верзија на Purosangue.

Моделот на Purosangue веќе се тестира на патиштата и е со заштитна фолија.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK