По ланските тестирања во Европа Suzuki Swift претставен во Женева

ОБЈАВЕНО НА:

Откако кон крајот на минатата година Suzuki Swift го покажа моделот во Јапонија, сега истиот ќе им биде достапен ина европските купувачи. Во напливот на многу нови модели и премиери Swift остана малку на маргините на саемот во Женева.

Јапонците тврдат дека новиот Swift се одликува со функционалност и пространа внатрешност, добро управување, одлична прегледност и напредна безбедносна технологија.

За да се задоволат европските потреби лани Suzuki имаше тестирања на патиштата во В.Британија и Германија и возачите тестираа 90 различни типови на суспензија на прототип возилата. Дизајниран е да им се допадне на просечните, млади и европски купувачи.

Новиот Suzuki Swift се базира на платформата на новата генерација HEARTECT, и возилото е 10 мм. пократко и 15 мм. пониско од претходникот. Сепак пошироко е за 40 мм. и за 20 мм. има подолго меѓуоскино растојание. Димензиите на моделот се: должина – 3840 мм. ширина – 1735 м., висина – 1520, а меѓуоскиното растојание е 2450 мм. Европската спецификација на Swift во однос на Јапонија има поширок преден и заден дел.

Иако димензиите се речиси исти како и претходната генерација, сега има за 25 отсто повеќе простор, односно 254 литри, односно 54 литри повеќе од претходниот модел. Во внатрешноста има 23 мм. повеќе простор вертикално и за главата на задните седишта, додека предниот ред на седишта е поместен за 10 мм. напред со што меѓу двата реда седишта сега има дополнителни 20 мм. простор. Swift користи иста платформа како и моделот Baleno, и основната опрема тежи 890 кг.

На иструмент таблата има инфо-забавен систем со екран чувствителен на допир од 7 инча, и меѓу вртежометарот и одометарот се наоѓа и мал ЛЦД екран од 4,2 инча.

Понудата на мотори не е многу богата, и се состои исклучиво од бензински и еден хибрид. Понудени се еднолитарски трицилиндричен мотор со турбо полнач што даваат 110 КС, и 1.2 литарски атмосферски четирицилиндричен мотор со 89 КС. Хибридната верзија ќе користи еден од овие два бензински мотори.
Swift ќе биде достапен и со опција за погон на сите тркала, и тоа само во комбинација со 1.2 литарски мотор и пакет на опрема SZ5.

Според производителот звучната изолација е доведена до многу повисоко ниво и дека суспензијата и наслонувањето овозможува помека и комфорно возење.

Новиот Swift ќе се најде во продажба од јуни годинава.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK