Овие 10 градови се најлоши за возење

ОБЈАВЕНО НА:

Како што пренесуваат светските медиуми, а при тоа повикувајќи се на истражувањето објавено во британските медиуми, град во кој е најлошо односно најтешко да се вози е Бомбај во Индија.

Во истражувањето спроведено оваа година, истражувачите ги рангираат најлошите градови за возење врз основа на три параметри: инфраструктура, безбедност и трошоци. При тоа анализирани се повеќе од 100 градови ширум светот.

На втората позиција се наоѓа главниот град на Монголија, Улан Батор додека на третата позиција се наоѓа уште еден град од Индија, Калкута. Најлошата петорка ја сочинуваат уште Лагос (Нигерија) како и Карачи (Пакистан).

Најлош европски град за возење е Москва, град рангиран на 10. позиција. На шестата позиција се наоѓа Богота (Колумбија) кој е најлош град во Јужна Америка, а веднаш зад овој град се наоѓа Сао Паоло (Бразил), Мексико Сити (Мексико) како и Рио де Жанеиро (Бразил).

Следете не и на:

24AUTO NETWORK