Откажан саемот за автомобили во Париз!

ОБЈАВЕНО НА:

Втор голем саем на автомобили во Европа годинава нема да се одржи, откако организаторите на саемот во Париз решија истиот да го откажат. Одлуката доаѓа речиси во исто време кога и американците решија саемот во Детроит да се откаже и нивните сали да бидат пренаменети во болница.

Саемот во Париз се одржува на секои две години и досега се менуваше наизменично со Франкфурт. Французите требаше да бидат домаќини во октомври, но сега ќе се бара нов датум и веројатно нов начин на промовирање на возилата што требаше да бидат новитети.

„Во ситуација на сериозноста на невидената здравствена криза со која се соочува автомобилскиот сектор, исто така погодена од економскиот шок и се бори да преживее, ние сме принудени да објавиме дека нема да можеме да го одржиме Саемот за автомобили во Париз во сегашниот формат во Porte de Versailles во 2020 година “, коментираат организаторите.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK