На пристаниште во Хонгконг има огромен паркинг, на кој стотици туристички автобуси собираат прашина, соопштува Rеutеrs. Автобусите се собрани таму бидејќи едноставно повеќе не се користат. Туристичкиот бизнос во метрополата е во длабока криза после избувнувањето на пандемијата.
До неодамна Хонгконг беше една од најпосетуваните дестинации во светот. Минатата година го имаа посетено 56 милиони лица.
Туристичката индустрија, во која работат повеќе од 250.000 лица има генерирано 5% од бруто домашниот проивод, но сега се има намалено за дури 99%.
Во јуни властите почнаа да го субвенционираат приватниот сектор, но од ноември помошта беше суспендирана поради финансиски причини. Десетици туристички агенции во Хонгконг веќе испраќаат персонал за неплатено отсуство.