Одржан „дизел самит“: Какви одлуки се донесени

ОБЈАВЕНО НА:

Германија го одржа „дизел самитот“ во Берлин меѓу претставници на германската автомобилска индустрија и претставници на политиката и договорија мерки за намалување на штетните гасови кај автомобилите со дизелски мотори, а што вклучува промена на софтверот на околу пет милиони автомобили.

„Автомобилската индустрија се обврза да смени софтвер на 5,3 милиони автомобили и тоа на сопствен трошок, изјавил Александер Добринт, министерот за сообраќај.

Во исто време претставници на сојузната влада, градови и општини од една и Здружението на германската автомобилска индустрија (VDA) од друга страна се обврзале да уплатат по 250 милиони евра во фонд што градовите кои се најоптоварени со емисија на штетни гасови да им овозможи развој на „алтернативен сообраќаен систем“ и да го подобрат јавниот превоз со што возачите би биле присилени на заминување на работа со јавен превоз.

Германскиот министер за сообраќај ги критикуваше претставниците на странските производители на автомобили на дизелски погон кои не се одзваа на самитот на кој учествуваа само германските Volkswagen Daimler, BMW, Opel и Ford кои се во сопственост на американски компании но се произведуваат во Германија.

По унапредувањето на софтверот во возилата погодени со оваа мерка а на кои им се закануваше забрана, емисијата ќе биде намалена до таа мерка што ќе нема потреба од забрана. Оваа мерка се однесува на најмодерните автомобили на дизелски погон кои во Германија се означени со Еуро 5 и Еуро 6. За постарите модели со Еуро 4 сз уште нема решение.

BMW на своите купувачи веќе им понуди субвенции од 2.000 евра за купување на ново еко возило.

Според податоците од Германија, таму речиси секое трето возило е н адизелски погон, а тоа значи дека од 45,8 милиони регистрирани лични автомобили, околу 15 милиони се со дизелски мотор.
Според еколошките здруженија одлуката е оценета како „политиката потклекна пред автомобилската индустрија“.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK