Обновената S-Class на Mercedes ќе биде чекор напред

ОБЈАВЕНО НА:

Кога есенва ќе им биде понудена на купувачите новата S-Class истата ќе има многу нова технологија и ќе има голем чекор напред во однос на автономното управување. Секогаш овој модел е важен за Mercedes бидејќи истиот имал многу новитети и подобрувања во технологијата што му овозможувале да го задржи лидерското место во луксузниот дел.

Иако веќе имаше некои папарацо фотографии што покажуваа какви промени ќе има на S-Class, што не беа со добра резолуција, но сепак даваа можност да се види изгледот на внатрешноста, како и предниот и заден крај. Но Mercedes отиде и чекор понапред па веќе објави официјални фотографии на новиот W222 прототип, и на новите помошни системи за возачите.
Компјутерот во возилото ќе биде во сосотојба да ја превземе контролата во многу ситуации.

Благодарение на Active Distance Assist DISTRONIC и Active Steering Assist, сега S-Class ќе може да одржува безбедно растојание и самото да се управува, а брзината автоматски ќе биде наместена за возење во свиоци и на раскрсници.
Системите за следење на коловозната лента ќе можат да го следат патот и при брзини од 60 до 200 км/ч. Системот автоматски ќе ги препознава знаците и на тоа ќе ја прилагодува брзината, а ќе предупредува и на знаците за забрана за престигнување и потенцијално пролизгување на патот.

Автомобилот ќе биде во сосотојба да го следи возилото пред себе секогаш на исто растојание, а ова ќе биде можно и на градските патишта но и н аавтопатиштата.
Други системи за полуавтономно возење ги вклучува и Evasive Steering Assist, Active Lane Keeping Assist, Active Lane Change Assist, Active Brake Assist, Active Blind Spot Assist, Traffic Sign Assist, Car-to-X Communication, Active Parking Assist и Remote Parking Assist.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK