Ново видео од GT спортскиот седан на Kia

ОБЈАВЕНО НА:

На саемот во Детроит на почетокот на јануари ќе биде промовиран новиот GT спортски седан на Kia, а компанијата го објави третото тизер видео, на кое се гледаат и контурите на возилото.

Првите две видеа се однесуваа на перформансите, а ова е за дизајнот на возилото, иако уште не може да се види добро изгледот на најбрзиот модел на компанијата.

Концептот нa GT беше промовиран уште во 2011 година во Франкфурт.
Иако „протекоа“ некои фотографии од фабриката во Јужна Кореја каде што се произведува моделот, сепак за дефинитивниот изглед же треба да се почека. Сигурно е само дека тоа ќе биде навистина убаво возило.

Во однос на моторите во понудата треба да има повеќе агрегати, а меѓу другите може да очекуваме и четирицилиндрични турбои бензински мотори, како и T-GDI Lambda V6 со 395 КС и 534 Нм вртежен момент. Се споменува и 3,3 литарскиот твин турбо со V6 и 365 КС со погон на задните тркала и осумстепен автоматски менува.
На едно од претходните видеа се гледа дека GT ќе забрзува до 100 км/ч за 5,1 секунда, што значи дека ќе биде побрзо од Ceed GT што досега беше најбрзиот модел во понудата на Kia.

Во Европа се очекува да се нуди и CRDi турбо дизелски агрегат, со 2,2 литарски мотор и 441 Нм вртежен момент, а се очекува да има и плаг ин хибридна варијанта.

https://www.youtube.com/watch?v=XKEHn-pLucw

https://www.youtube.com/watch?v=dcNkDJDftZU

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK