сабота, 25 јули, 2025 година

Саемско деби на Ѓунсел – првиот кипарски електричен автомобил (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Во февруари годинава премиерот на Северен Кипер, Ерсин Татар, на свечена церемонија го претстави моделот Gunsel, прв електричен автомобил од Кипaр.

Сега, овој целосно електричен автомобил ја доживеа светската саемска премиера на продукцискиот модел и тоа на саемот во Истанбул.

- Advertisement -

Автомобилот е целосно развиен од страна на Универзитот на Блискиот Исток (NEU), лоциран во северниот дел на Кипар. Целиот проект е воден од страна на Ирфан Суат Ѓунсел, а оттука и називот на овој автомобил.

За непречено производство потпишан е договор со 800 компании од 28 различни земји кои ќе бидат задолжени за снабдување со неопходните компоненти и материјали за производство.

Gunsel B9

Автомобилот со едно полнење на батериите може да помине 350 километри, а до стотка забрзува за 8 секунди. Инжинерите кои работеа на овој автомобили тврдат дека Gunsel ги задржува фабричките перформанси на батеријата и по поминати 300 илјади километри.

Gunsel B9

Сериското производство ќе започне веќе од следната година, а во првата фаза планирано е производство од 2 илјади автомобили. До 2025 година се очекува оваа бројка да изнесува 20 илјади годишно.

 

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја