Првите фотки на новиот Suzuki Swift

ОБЈАВЕНО НА:

На почетокот на годината имаше доста рендери околу можниот изглед на Suzuki Swift, сега на интернет се појавија и нови фотографии кои го откриваат вистинскиот изглед. Иако се со слаба резолуција овие фотографии го даваат вистинскиот изглед на новиот Swift.

Моделот што се појави во јавноста изгледа како топ верзија на Swift, пред се поради хромираните делови околу шестоаголната предна решетка, светлата за магла и карактеристични предни светла што се позаоблени од сегашниот модел.

Новиот Swift е развиен на „полесна платформа“ на моделот Baleno, и с еочекува да биде со тежина од 830 до 930 кг, во зависност од верзијата и опремата.
Пазарите во Јапонија и Европа ќе добијат верзии со 1,2 и 4 цилиндричен мотор Dualjet, и 1,0 литарски три цилиндричен турбо бензински Boosterjet.
Ќе има 5 степен мануелен и CVT за верзиите со 1,2 Dualjet, и 6 степен автоматски како опција за Boosterjet.

Дебито на Suzuki Swift ќе биде 2017 година и се очекува да се појави на саемот во Женева.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK