Прва фотка од Ford Focus 2018

ОБЈАВЕНО НА:

Во март следната година на саемот за автомобили во Женева ќе биде промоцијата на новиот Ford Focus, а веќе се појавија првите фотографии од надворешниот изглед. Иако автомобилот е скриен под разнобојна маскирна фолија, сепак, убаво се гледаат контрите на новиот Focus. Од Ford велат дека новиот Focus ќе има повеќе простор во кабината и унапредена аеродинамика. Произведувачот планира слично како кај новата Fiesta, да понуди Focus во повеќе верзии и нивоа на опрема, па покрај варијантата ST-line (спортски пакет) и Vignale (луксузно издание), се очекува и Active (крос верзија).

Информациите велат дека Focus Active ќе биде достапен и во опција со погон на сите четири тркала, но засега за тоа нема официјална потврда од компанијата.

Во средината на погонската гама како и досега ќе биде трицилиндарскиот 1.0 EcoBoost во повеќе подваријанти, а покрај него се очекува и новиот исто така трицилиндарски 1.5 ЕcoBoost, но и 2.0 бензинец со четири цилиндри.

Дизел опцијата ќе биде со 1.5 и 2.0 литарски агрегати.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK