Претставен Renault Taliant – братучедот на Dacia Logan

ОБЈАВЕНО НА:

Францускиот производител Renault и официјално го претстави својот нов модел Taliant. Станува збор за автомобил за кој може да се каже дека е наследник на моделот Symbol односно Thalia кој се појави во 1999 година, а денес се уште се произведува во Колумбија, Аргентина, Бразил и Алжир.

Автомобилот се темели на CMF-B LS платформата која ја користат најновите генерации на Dacia Logan и Dacia Sandero. Поради тоа, но и поради сличностите во дизајнот и применетата технологија, може слободно да се каже дека Taliant е инспириран од седанот на Logan.

Должината на Taliant изнесува 4.396 мм што е за пола милиметар подолг од Symbol. Ширината изнесува 1.848 мм, висината 1.501 мм додека пак капацитетот на багажниот простор изнесува 528 литри.

Она што со сигурност се знае дека под хаубата ќе биде понуден со 1,5 литарски dCi мотор. Достапен ќе биде и со бензински мотор и фабрички вграден плин, а купувачите ќе може да одбираат помеѓу пет степен мануелен и шест степен автоматски менувач.

Производството на овој субкомпактен автомобил од B сегментот започнува уште оваа пролет. Истото ќе се спроведува во турскиот град Бурса, од страна на Oyak-Renault заедничка компанија на Renault и Oyak, основана во 1969 година.

Главниот пазар ќе биде Турција, но истиот ќе се продава и во околните земји. За очекување е да биде достапен и во Македонија, а на овој регион ќе конкурира на Citroen C Elysse, Fiat Tipo Sedan, Peugeot 301 и Opel Astra Sedan. Медиумите во Индија пренесуваат дека овој модел ќе биде достапен и на нивниот пазар каде ќе конкурира на Honda City.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK