Ова е новиот Hyundai i20

ОБЈАВЕНО НА:

Во пресрет на премиерата закажана за на саемот во Женева следниот месец, Hyundai објави официјални фотографии од новата генерација на моделот i20.

Новата генерација доаѓа со целосно нов ентериер и екстериер.

Во внатрешноста доминира 10,25 инчен екран со дигитална инструментална табла и целосно нов инфотејнмент систем.

Hyundai i20

Во поглед на моторите, под хаубата i20-та ќе биде достапна со 1.2 литарски четири цилиндрен бензински мотор како и 1.0 литарски три цилиндрен мотор. Во понудата доаѓа со шест степен мануелен и седум степен автоматски менувач.

Подоцна, јужнокорејскиот производител ќе претстави и спортска i20N верзија опремена со 1,6 литарски турбо мотор со околу 200 КС. Исто така тука ќе биде и електрифицираната изведбата која би  требало да се појави кон крајот на следната година.

Hyundai i20

Основната изведба во продажба треба да се појави кон крајот на годинава, а со овој мал градски автомобил Hyundai ќе го напаѓа европскиот пазар каде на врвот се наоѓаат Renault, VW, Peugeot и Fiat.