Нови тизер фотографии од Volkswagen I.D.

ОБЈАВЕНО НА:

Во пресрет на премиерата и стартот на примањето на нарачки, Volkswagen објави дополнителни тизер фотографии за електричниот I.D. модел.

Од фотографиите не може да се открие многу околу екстериерот. Единствено ја открива формата која е позната откако претходно беше фатен овој автомобил како се тестира на поларни услови. Позната е и формата на предните светла кои се продолжени кон средината каде централно е поставен знакот на VW.

Официјалната премиера на овој модел, германскиот производител ќе ја спроведе во Франкфурт во септември годинaва кога ќе бидат познати сите технички карактеристики.

Volkswagen I.D.

Од претходно е познато дека Volkswagen од 8 мај ќе започне со примање на нарачките за овој модел кој во слободна продажба ќе се појави на почетокот на следната година по цена од 30.000 евра. Германскиот Auto Motor und Sport пишува дека и дека VW на почетокот од секој продаден I.D. ќе бележи загуба од 3 илјади евра, а оваа загуба со текот на годините постојано ќе се намали.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK