Fornasari 311 GT – италијанската Корвета

ОБЈАВЕНО НА:

За зголемување на шармот на саемот во Женева се погрижи италијанскиот производител Fornasari кој на својот штанд го претстави концептот 311 GT.

Стаува збор за дизајн инспириран од италијанските GT автомобили од 50те години на минатиот век кој доаѓа со основа изработена од алуминиум, а во продукциската изведба овој автомобил ќе биде понуден во купе и кабрио изведба.

Овој автомобил е составвен од компоненти позјамени од Corvette C7 вклучувајќи го тука и V8 моторот со 641 КС и 800 Nm обртни моменти. Тука е и мануелниот шест степен менувач, а како опција доаѓа и автоматски менувач.

Од Fornasari потврдија дека овој автомобил може да забрза до 100 км/ч за само 3.5 секунди, додека максималната брзина изнесува 340 км/ч.

Непрецезирајќи го точниот датум на почеток на сериско производство, моделот 311 GT ќе се продава по почетна цена од 150 илјади евра.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK