Саемот за автомобили во Детроит ќе биде местото каде што Infiniti ќе има можност да го претстават новиот модел Q Inspiration Concept. Овој прототип ќе биде најава на нов седан флагман којшто ќе биде изработен од оваа компанија, а воедно ќе биде и најава за новитетите во областа на дизајнот.
Главниот дизајнер на Infiniti, Карим Хабиб открива дека идејата на проектот била да се искористат традиционалната архитектура на седан и да ја доведат до следниот степен на еволуцијата.
Според она што може да се види престижниот јапонски бренд подготвува сериозна конкуренција за Audi A7, а како главна причина за ова е линијата што се спушта на задниот дел од купето.
Засега нема никакви технички детали за моделот, но се зборува дека формата на каросеријата ќе биде со со краток преден капак и издолжена кабина.
![](https://24auto.mk/wp-content/uploads/2020/06/viber.png)
Следете не и на:
![](https://24auto.mk/wp-content/uploads/2020/04/facebook-1.png)
![](https://24auto.mk/wp-content/uploads/2020/04/instagram-1.png)