Новиот Nissan Juke ќе биде претставен на 3 септември

ОБЈАВЕНО НА:

Сите дилеми околу новиот Nissan Juke се разрешени, тој и дефинитивно премиерно ќе биде претставен на 3 септември годинава, пренесуваат од Nissan. За таа цел Nissan објави тизер фотографија од која не може многу да се види околу изгледот, но дефинитивно ќе биде нешто ново, невообичаено за сегашниот дизајн на Juke.

Од претходно е познато дека втората генерација на овој модел ќе се базира на CMF-B платформата која во моментов ја користи петтата генерација на Renault Clio. Токму оваа платформа поддржува електрификација, а Алијансата покрај за моделот Clio, ја подготвува и за Juke кој на пазарот ќе дојде како директен конкурент на Hyundai Kona.

Заедно со објавувањето на оваа информација, низ британските медиуми се појави и шпекулација дека производството на овој модел ќе се спроведува во фабриката на Nissan во Сандерленд (Велика Британија) иако претходно беше најавено дека Nissan ќе ги стопира производствените активности во оваа земја.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK