Германските медиуми се едногласни околу иднината на најмалиот SUV на баварскиот производител – третата генерација на BMW X1 доаѓа во 2021 година. Auto Bild веќе објави и рендер за можниот изглед на овој SUV кој дефинитивно треба да биде инспириран од поголемите X3 и X5.
Тоа значи дека и внатрешноста ќе биде инспирирана од овие модели, а покрај големиот екран осетлив на допир тука треба да биде и опцијата за гласовна контрола позната како Hey BMW.
Третата генерација која ќе ја замени актуелната која датира уште од 2015 година ќе се темели на FAAR платформата, а тоа значи дека ќе добие погон на предните тркала. Во однос на мотористиката истата се очекува да биде идентична како и кај новата генерација на Серија 1.
Првите официјални детали за овој модел се очекуваат да бидат објавени од германскиот производител кон крајот на оваа година.