Нови турбо мотори за Renault Kadjar и Megane

ОБЈАВЕНО НА:

Семејствата на Kadjar и Megane ќе бидат многу поконкурентни со новите подобрувања што ќе следуваат во однос на моторите. Првично понудата ќе биде достапна за Франција, а набрзо ќе следува и во другите европски земји. СУВ моделот Kadjar ќе добие нов Energy TCe бензински мотор што ќе испорача 163 КС и 240 Нм вртежен момент и ќе работи со шест степен мануелен менувач.

Францускиот производител потврдува дека оваа верзија на Kadjar може да се нарача со верзии Intens и Black, со цени што почнуваат од 30.400 евра.

Промоција има и за новиот Megane Limited едицијата што ќе има цена од 21.600 евра, и ќе има некои подобрувања на надворешноста како што се 17 инчни тркала, странични ретровизори.
Некои од нивоата на опременост ќе нудат и R-Link инфо-забавен систем со 7 инчен дисплеј, електронска паркинг сопирачка и електрично склопување настраничните ретровизори.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK