Промоцијата на новата Fiesta се совпаѓа со прославата на 40 годишнината на овој успешен модел, кој досега е продаден во повеќе од 17 милиони примероци.
Келн беше местото од каде Ford го покажа својот нов адут во класата на градски автомобили, претставувајќи ја новата Fiesta. Новиот модел не е само поголем, побезбеден и поефикасен во однос на возилото што заминува во пензија, туку има и верзија што ќе може да се вози и надвор од асфалтот, и тоа за првпат во овие 40 години.
Потврдено е дека ќе има ST-Line верзија што ќе се приклучи на верзиите Titanium, Vignale и Active. Ако предниот дел сѐ уште потсетува и преку него се препознава Fiesta, задниот дел се одвојува во однос на другите модели од семејството на Ford, барем кога станува збор за визуелниот изглед.
А кога се зборува за верзијата Active која има малку и оф роуд изглед, таа е различна од се што досега сме виделе од Fiesta, најмногу поради повисокиот клиренс, кровните носачи и боди китот, со што му се дава изглед на возилото како кросовер. Вака направено може да му биде ривал на VW Cross Polo.
Внатрешноста е делот каде Ford ги направи најголемите промени, во однос на квалитетот, како и на он борд технологијата и естетиката. Предната арматурна табла е сосема нова, а таму може да се најде и 8 инчен тачскрин екран како опција во опремата, потоа фордовиот SYNC 3 систем.
Fiesta ја нарекуваат „најнапреден мал автомобил во светот“, и ќе има многу активни системи како што се Pre-Collision Assist со препознавање на пешаците, Active Park Assist со нормално паркирање, Adaptive Cruise Control, Blind Spot Information System, Lane Keep Aid и уште некои други системи.
Во однос на моторите што ќе ги има возилото, купувачите ќе може д аизбираат меѓу неколку турбо и нормални трицилиндрични бензински мотори, исто како и TDCi дизелски агрегати, правејќи ја оваа Fiesta како најмоќна досега.