Новата BMW X3 ќе биде полесна, а ќе има и М верзија

ОБЈАВЕНО НА:

Третата генерација на BMW X3 веќе е претставена, иако јавноста ќе може да ја види на саемот во Франкфурт есенва. Она што е интересно е дека новата генерација ќе биде за 55 кг. полесна од досегашниот модел, а коефициентот на отпор на воздухот ќе биде 0,29.

Според производителот BMW X3 сега е покомфорен и поконкурентен, и доаѓа со многу подобрена безбедност и ефикасност. Моделот ќе се произведува во фабриката во Спартанбург каде од производната лента излегуваат и X4, X5 и X6. Во Европа, прво во Германија ќе се понуди X3 во продажба во ноември, а наскоро ќе биде позната и цената.

Новата X3 е нешто подолга од досегашниот модел, па димензиите се: должина – 4716 мм. ширина – 1897 мм. и висина – 1676 мм. Меѓуоскиното растојание е зголемено на 2864 мм. Отсега како стандард ќе се нудат тркала со 18 инча, наместо досегашните 17 инча. Багажникот ќе има 550 литри, и може да се зголеми до 1.600 литри.

Во поглед на надворешниот изглед нема изненадувања и се следи линијата на новите модели од Х семејството. Се нуди простран ентериер, зголемен комфорт и зголемена варијабилност во однос на досегашната генерација.

Во понуда ќе има неколку бензински и дизелски агрегати, вклучувајќи ја и М верзијата M40i со шестцилиндричен бензински мотор со 360 КС и 500 Нм, што од 0 до 100 км/ч ќе забрзува за 4,8 секунди. Нормално најголемата брзина ќе му биде ограничена на 250 км/ч.

Гамата на мотори во понудата на почетокот ќе изгледа вака:

BMW X3 xDrive20d: 190КС | 400 Nm | 8,0 сек. | 213 км/ч | 5,0-5,4 л/100 км
BMW X3 xDrive30d: 265КС | 620 Nm | 5,8 сек. | 240 км/ч| 5,7-6,0 л/100км
BMW X3 xDrive20i*: 184КС | 290 Nm | 8,3 сек| 215 км/ч | 7,2 л/100км
BMW X3 xDrive30i**: 252КС | 350 Nm | 6,3 сек | 240 км/ч | 7,4 л/100км
BMW X3 M40i: 360КС | 500 Nm | 4,8 сек | 250 км/ч | 8,2-8,4 л/100км
BMW X3 sDrive20i***: 184КС | 290 Nm | 8,3 сек | 215 км/ч | 7,4 л/100км
* од пролетта 2018.
** од декември 2017.
*** од пролетта 2018.

Подоцна палетата на мотори подоцна ќе биде проширена, меѓу другото и со плаг-ин хибрид iPerformance варијанта, како и со дизелските BMQ X3 M40d и електрична верзија што е планирана за 2020 година.

Од опремата што ќе се нуди тука е: хед ап дисплеј, активен темпомат, BMW iDrive Generation со 10,2 инчен екран и контрола на гестикулациите, амбиентално осветлување, седишта со вентилација, бројни безбедносни системи и системи за помош на возачот, Apple CarPlay, како и M Sport пакет (М аеро боди кит, М алуминиумски тркала, спортско наслонување, спортски издувен систем и сопирачки, М седишта и управувач….)

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK