Новата BMW M760Li „бришка“ до стотка за 3,7 секунди

ОБЈАВЕНО НА:

Новата BMW серија 7, односно моделот M760Li ќе добие нов бензински мотор со двојно турбо и ќе ја зголеми силата на 610 КС што ќе биде за 70 КС подобро во однос на моделот штп треба да го замени.

Со самото користење на двојно турбо и поголемата моќност сега M760Li до 100 км/ч. ќе забрзува за 3,7 секунди. За колкава моќ што ќе ја произведе моторот станува збор говори и фактот дека возилото е долго 5238 мм. и ќе тежи 2180 кг.
Досегашниот мотор со нормално ладење V-12 испорачуваше 549 КС и забрзуваше за 4,6 секунди до истата брзина – 100 км/ч.

За безбедно управување со овие 610 КС, M760Li ќе се нуди стандардно со BMW xDrive системот на сите тркала и новиот модел ќе може да испорача максимален вртежен момен на задните тркала. Со толку голем вртежен момент М760Li каде ќе има вградено осум степен автоматски менувач ќе тргнува со втора брзина. Првата брзина ќе биде резервирана само кога мора да се качува на пострмни нагорници.

Продажбата на 6,6 литарскиот V-12 бензински мотор во Германија ќе почне овој мсец по цена од 166.300 евра. За тие пари може да се купат две базични верзии на сегашната серија 7 во Германија, и ќе ви останат уште 2.500 евра.

Се очекува BMW M760Li најдобро да се продава во Кина и САД, а помалку во Европа. Германците предвидуваат дека 36 отсто од продажбата ќе оди во Кина, 24 отсто во САД и 10 осто на Блиски Исток. Иако во Европа е популарна серија 7, дури 77 отсто се со дизелски мотор. Купувачите најмногу го преферираат моделот BMW 3.0 литарски шест цилиндричен дизелски мотор, кој се нуди со сила од 265 до 400 КС.

М760Li ќе се произведува во Динголфинг, Германија. Ова е првпат серија 7 да добие M Performance варијанта.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK