Нова технологија на дело: Доаѓаат возила кои „гледаат“ зад свиокот

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Ford со новата Puma понуди и опција Local Hazard Information односно можнсот автомобилот да „гледа“ и зад свиокот. Знаците кои наведуваат се тука бидејќи малиот СУВ нема да може да ги гледа возилата кои наидуваат туку ќе има вмрежена технологија со другите автомобили.

Ако возилот кое е пред Puma наиде на гужва, сообраќајна несреќа или некоја слична незгода која наидува зад свиокот со помош на посебна програма и Cloud таа информација ќе биде испратена на другото возило, а тоа во овој случај е Puma.

Засега технологијата уште не е проширена, а нема да има многу информции, но до крајот на годината ќе ја имаат речиси сите нови возила на Ford , а со неа ќе се движат и Daimler, BMW, Audi… Оваа технологија е базирана на WLAN мрежата, па ќе функционира и таму каде што нема мобилни врски.

Ова се некои примери кога на Ford Pumа и доаѓаат пораки на предупредување. Ако се вклучени воздушните перничиња во автомобилот кој вози напред, ако се вклучат сите четири трепкачи или ако се отворени вратите на возилото пред Puma. Исто така и ако кај две или повеќе возила пред Puma се активира ESP (опасност од поледица). Сите пораки ќе бидат прикажан на инфо дисплејот во Pumа.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK