Нов концепт на продажба: Нарачајте си премиум користено возило!

ОБЈАВЕНО НА:

Во Македонија досега користените возила, вклучувајќи ги оние од премиум сегментот се продаваа преку оглас или на некој отворен плац. Многумина сметаат дека не треба да се плаќа превисока цена за ново возило, па затоа се решаваат да купат користено, многу често и специјално патуваат во странство, особено ако сакаат некое поексклузивен автомобил.

Наместо купување по принципот „видено – купено“, и со надеж дека она што сте го купиле ќе трае, сега тоа целосно се менува со отворањето на новиот салон на компанијата ПАЗ.


По принципот на мултибрендинг, на едно место ќе може да се најдат повеќе возила од премиум и луксузниот сегмент. И притоа истите во салон, со соодветен лагер и можност за специјална нарачка. Сите се со старост од 1 до 4 години, а притоа се добива и едногодишна гаранција при купувањето. Возилата се од земјите на ЕУ и од исти места од каде набавуваат сите авто дилери во Европа.

Во понудата на ПАЗ ќе ги има засега најпознатите премиум брендови, BMW, Audi, Porsche, Јагуар, Mercedes, Maseratti и сите оние за кои ќе сметаат дека постои заинтересираност. Што е разликата меѓу досегашниот начин на продажба?
Едноставно во понудата има повеќе различни брендови, сите се продаваат со едногодишна гаранција, имаа добра сервисна подршка, и можност за финансирање при нивното купување. На клиентите ќе им с енудат и подеднакво квалитетни, но поевтини резервни делови.

Возилата што се во понудата се поделени во три групи, оние со изминати 50.000 км. потоа до 100.000 км. и над 100.000 км. Секој автомобил е подготвен веднаш за возење.
Доколку посакуваниот модел го нема во салонот, тогаш од ПАЗ ви нудат најмногу за 30 дена истиот да ви го набават и донесат.

Она што е интересно, покрај премиум користено возило по достапна цена и со соодветна спецификација, ПАЗ на своите клиенти ќе им понуди и можност да им набават и ново возило според нивните спецификации. Очекуваат на тој начин да бидат конкурентни со цените, но и услугите што ги имаат.

ПАЗ се наоѓа на улица „Перо Наков“ бр. 25 до салонот на Кia и Електроелемент.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK