Во април годинава во Норвешка ќе биде отворен првиот подводен ресторан и тоа ќе биде првата атракција од ваков вид во светот. Воедно ова ќе биде и најголемиот ресторан во светот.
Вакви ресторани веќе постојат во ОАЕ, Малдиви и неколку други земји. Сепак, норвешкиот ресторан покрај тоа што е најголемиот ќе биде посебен и поради тоа што дава уникатна глетка кон Северното море. Тој е направен во вода и во него може да се најдат во исто време до 100 лица.
После влегувањето во ресторанот посетителите се спуштаат пет метри под вода. Откако гостинот ќе седне на маса, вистинскиот морски живот ќе се појави пред него: јастози, фоки, алги…
Ресторанот има специјална светлина од водата, која ќе дозволи сите посетители да се насладуваат на глетката кон морето дури и при неповолни временски услови.
Подводната кујна ќе нуди и богата понуда од морска храна од областа.