Никој ништо не му може: VW Golf останува најпродавано возило во Европа

ОБЈАВЕНО НА:

Volkswagen Golf останува на врвот на листата на најпродавани возила во Европа и по првото полугодие во 2017 година, и покрај тоа што има пад во продажбата од 11,4 отсто. Вкупната бројка на продадени модели на VW Golf за првите шест месеци од годинава бил 279.370 возила.

На второто место е Volkswagen Polo со пораст од 1,1 отсто и вкупна бројка од 205.213 возила, а на трето место е Renault Clio со пораст од 7,5 отсто, односно 195.903 возила. Податоците за продажбата се според агенцијата Focus2Move. На таа листа следуваат потоа Ford Fiesta со 165.469 возила, и Nissan Qashkai со 153.703 продадени возила.

VW Golf во истиот период лани имаше продадено 315.205 возила и беше далеку пред сите. И сега одржува голема предност, иако бележи пад во продажбата.

Во Топ-10 модели најголем скок има Volkswagen Tiguan кој има пораст од 68,2 отсто и од 29 место сега е на 9 место со 81.032 возила. Пад од едно место има Opel Corsa (-7,6 отсто) и сега е на 6. место со 153.448 продадени возила.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK