Поранешниот Формула 1 шампион, германецот Нико Розберг ја збогати својата колекција на автомобили со супер спортскиот Rimac Concept_Two.
Овој 35 годишен Германец повеќе не е дел од мото спортот па се реши кариерата да ја продолжи на YouTube. Таму тој го објави видеото од новиот автомобил на Rimac кој е произведен во неколку примероци.
За овој мерак се шпекулира дека тој платил два милиони американски долари, а за овие пари ќе може да ужива во моторот кој продуцира 1.914 КС и до стотка забрзува за 1,85 секунди.