Нарачајте си пица, ќе ви ја испорачаат со беспилотно возило (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Ако тест периодот биде успешен тогаш многумина ќе ги мразат автономните возила бидејќи ќе останат без работа. Ford заедно со Domino`s пица тестира нов начин на испорака каде нема возач туку нарачаните продукти доаѓаат со Ford Fusion Hybrid.

Domino`s и Ford Motor Company веќе почнаа таква испорака храна преку автомобили што работат без возач. Во следните неколку недели, според пишувањето на Business Insider компанијата за производство и испорака на пици, Domino`s ќе им понуди случајно избрани клиенти во Ан Арбор, Мичиген, можност да бидат услужени со помош на Ford Fusion Hybrid тест возилото.

Инженер на Ford се уште ќе биде подготвен рачно да ја превземе контролата на автомобилот, кој исто така ќе вози и тим од истражувачи кои ќе проучуваат како да ја оптимизираат испораката на пица без возач. Покрај тоа, тимот ќе следи како клиентите ќе одговорат на футуристичкиот сервис за снабдување.

Во моментов, најголемиот предизвик за компаниите не е да се направи испорака со автономен автомобилот. Покомплицирано за нив е како да го спроведат процесот на пренесување на пицата од тротоарот до вратата на клиентот.
Во тестирањето во Ан Арбер, потрошувачите ќе мора да излезат и да одат до автомобилот за да ја преземат сопствената пратка.

“Повеќето од нашите прашања се однесуваат на последните неколку метри од испораката. На пример, како ќе реагираат клиентите за да излезат да ја добијат својата храна? “, вели Расел Вајнер, претседател на Domino`s во САД.

Ford планира да започне со производство на автономни возила во 2021 година. Тестирањето со синџирот на продавници како Dominos`s помага да се промовира овој тип на возило и да се расчистат проблемите со нив.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK