„Најжешкиот„ Seat Leon Cupra R доаѓа за осум месеци

ОБЈАВЕНО НА:

Шпекулациите дека Seat работи на екстремната и моќна верзија на Leon Cupra се потврдени, и Шпанците ќе ја претстават Cupra R во следните осум месеци.

Оваа одлука на компанијата ја потврдил и Матијас Рабе, потпретседател на Seat за истражување и развој. Тој изјавил дека се уште има простор за посилна верзија во нивната понуда.

Според него се размислува новиот модел да биде произведен во ограничена верзија, и да има поголем бенефит од вообичаените модификации. Компанијата размислува и за користење на делови од карбонски влакна.

Seat Leon Cupra 300

„За седум или осум месеци ќе видите нешто интересно“, изјавил Рабе.

Не треба да се очекува да се појави некоја тркачка верзија.

„Основната вредност на Cupra мора да остане – да биде забавна за возење и да може да се користи секој ден, бидејќи тоа не е автомобил што го купуваат луѓе што веќе имаат 5-6 возила во гаражата. Мислам дека Cupra нема да биде екстремна како Porsche 911 GT3 на пример. Дури и да одиме во тој правец, Cupra ќе има четири или пет седишта, изјавил Рабе.

Засега нема планови за правење на Cupra верзија за моделот Ibiza.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK