Најпродавано возило на VW во 2019 не е Golf – туку Tiguan

ОБЈАВЕНО НА:

Кога ќе се спомене VW тогаш веројатно за многумина првата асоцијација е Golf кој долго време беше најпродаван модел на брендот. Но, во 2019 година еден друг модел го понесе тој епитет. Со 910.926 произведени возила минатата година и достигнувајќи ја границата од 6.000.000 оваа пролет, моделот Volkswagen Tiguan го стекна статусот на најпродаван автомобил како на марката Volkswagen така и на целата групација.

Oд компанијата коментираат дека од лансирањето на Tiguan во 2007 година, неговото производство постепено се зголемува од 120.000 на 911.000 на годишно ниво, а 2.495 возила секојдневно се симнуваат од производната линија во фабриките во Германија, Русија, Кина и Мексико.

Светската премиера ја имаше на саемот во Франкфурт во 2007 година, и откако следната година влезе во производство постојано постигнува одлични резултати. Пресметано е дека на секои 35 секунди излегува по еден Tiguan од прозводните линии во фабриките каде се склопува. Се разбира времето е мерено во однос на тоа колку воопшто фабриката работела.

Сега во продажба е втората генерација на Tiguan што беше претставена во 2016 година. За првпат ја користи MQB платформата и се е сменето во однос на претходникот. Во 2017 година почнува да се нуди и XL верзија што има за 110 мм. подолго меѓуоскино растојание и може да се нарача и со седум седишта и сопствен дизајн. Дури 55 отсто од моделите се токму со ова продолжено мешуоскино растојание.

Tiguan е достапен за купување во 80% од сите пазари низ целиот свет, и е најуспешниот теренец во Европа, и е во Топ 3 на глобално ниво.

Volkswagen планира да отвори нова страница во историјата на Tiguan оваа година, сведок на лансирање на нова верзија со големи дизајн и технолошки надградби, вклучувајќи го и започнувањето на неговата плаг-ин хибридна верзија во Европа.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK