Најново истражување: Дизелските автомобили се 10 пати потоксични од камионите и автобусите

ОБЈАВЕНО НА:

Модерните дизелски возила произведуваат 10 пати повеќе токсични гасови во воздухот отколку тешките камиони и автобуси, покажуваат најновите резултати објавени во Европа.

Разликата во емисијата на азотен оксид е поради поригорозните тестирања што се прават за големите возила во ЕУ, тврдат оние што го правеле последното истражување. Тие велат дека вакви ригорозни мерки треба да бидат спроведени и кај автомобилите.

Загадувањето со азотен оксид е одговорно за десетици илјади смртни случаеви во Европа, а висока цена плаќаат и жителите на В.Британија каде е спроведено истражувањето. Многу од ова загадување е производ на дизелските автомобили кои на патиштата испуштаа шестпати повеќе од дозволеното од штетните гасови, од она што е тестирано во лабораторија. По откривањето на Дизелгејт аферата со моторите на Volkswagen има се повеќе тестирања на дизелските возила, но сепак треба да постои уште построга регулатира.

Последното истражување што е направено ги споредило емисите на штетни гасови на камионите и автобуси во реални услови, заедно со оние од автомобилите.
Бил утврдено дека тешките камиони тестирани во Германија и во Финска испушта околу 210 мг азотен оксид на километар, што повеќе од половина помалку од оние 500 мг/км. што ги испуштаат модерните дизелски автомобили што ги исполнуват „Еуро 6“ стандардите. Автобусите и камиони имаат и поголеми мотори, и трошат повеќе гориво, што значи дека автомобилите произведуваат 10 пати повеќе азотен оксид од литар гориво.

Tешките камиони тестирани во Германија и во Финска испушта околу 210 мг азотен оксид на километар, што повеќе од половина помалку од оние 500 мг/км. што ги испуштаат модерните дизелски автомобили што ги исполнуват „Еуро 6“ стандардите.

Според истражувачите производителите можат да го одржуваат загадувањето од тешките возила кога тие се наоѓаа на пат, но емисијата од автомобилите е поголема во реалноста.

Во ЕУ од 2013 година постои можност со помош на мобилни апарати вградени во тешките возила да се контролира загадувањето во релани услови. Таквата можност за автомобилите треба да почне од септември годинава, но тоа им е оставено на производителите да решат на кои специјално одбрани прототип возила ќе го прават. Би било подобро ако таквите мерки се спроведуваат кај возилата што се масовно производство.

Сега продолжува борбата. Ако ова успеале да го спроведат камионите и автобуси, тогаш би требало да може да го направат и производители на автомобили.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK