Најмоќните трактори во светот на едно место (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

За современите фармери 20 коњски сили веќе одамна не се доволни. Земјоделската работа сака моќ и затоа производителите наоѓаат начин да ја обезбедат. A без добра механизација нема ни добри приноси. Без трактор, исто како да сте без основното средство за работа. Особено во земјите каде постојат големи површини за обработка, и сопствениците обработуваат хектари хектари земја.

Некои трактори се споредливи со најелитните автомобили не само по цена туку и по моќност. Доволно силен трактор носи и свои предности. Колку поголем, толку поскап, толку подобар.

Коњските сили не им требаат за да пред дискотеките или за трки, туку за тешка работа. Еве кои се најмоќните трактори во светот.

Fendt 1050 Vario

Носителот на титулата „Најдобар трактор за 2016 година“ во Европа и златен медал на изложбата Polagra-Premiery нема како да биде анемичен. Fendt 1050 Vario се потпира на мускулите на 12.4-литарскиот мотор MAN со моќност од 519 коњски сили.

Ненаметливиот мотор се одликува со огромни интервали меѓу сервисите и работи со VarioDrive ТА400, кој пренесува 2 400 Нм на сите четири тркала.

Благодарение на хидропневматската суспензија и специјалниот систем за нивелирање Fendt 1050 Vario ја одржува отпорноста на каков било товар.

Claas Xerion 5000

Компактниот Xerion 5000 не е толку прост колку што изгледа на прв поглед. Овој „крокодил“ се придвижува од моќен и надежен шестцилиндричен Caterpillar C13, кој генерира 487 коњски сили со работен обем од 12,5 литри.

Моќноста може да се зголеми за кратко на 524 коњски сили, а вртежниот момент од 2.325 Нм е доволен за грубо влечење на каква било опрема.

Фармерите, кои работат со Xerion 5000, се жалат само од два недостаци: сложено и скапи постпродажни услуги и висока цена.

John Deere 9620RX

Благодарение на четирите Camso Duradrive 6500 најмоќниот трактор на John Deere изгледа неверојатно агресивно. 15-литарскиот мотор Cummins QSX15 развива 620 коњски сили.

9620RX е снабден со системот Autotrac, кој дозволува точна навигација со GPS навигација и во голема мера ги ублажува перформансите на операторот.

За жал 9620RX дејствува олеснително на паричникот. Дури и искористените примероци чинат над 350.000 евра.

New Holland T9.670

Последниот број во името на овој трактор со широка шасија и двојни тркала укажува на моќноста во коњски сили. Толку развива 12,7-литарскиот мотор FPT Cursor 13.

Огромната моќност е само една од заслугите на T9.670. Тој може да биде опремен со „автопилот ” – системот Intellisteer овозможува движење по пралелни бразди со точност од 2,5 сантиметри.

Технологијата Intelliview III пак дозволува притисокот во рамки на хидрауликата од екранот, што го олеснува работењето со различни плугови и друга опрема.

Case IH Quadtrac 620

Чудовиштето Quadtrac 620 е најмоќниот сериски тракто произведен досега. Во нормални режими на работа, моторот развива номинално 620 коњски сили. Во случај на потреба, моќта може да достигне максимална моќ од 682 коњски сили.

Благодарение на широките синџири Quadtrac 620 покажува минимален притисок над поќвата што го спречува газењето.

Според лабораторијата за тестирање на трактори во Универзитетот во Небраска, Quadtrac 620 е најефективниот полски работник меѓу сите на пазарот.

Big Bud 747

Кога се зборува за моќни трактори, нема како да биде пропуштен кралот. Направениот во 1977 година, Big Bud 747 е најголемиот и моќен претставник на својот вид.

16-цилиндричниот Detroit Diesel 16V92T со два турбокомпресори и две механички копчиња развива 1100 коњски сили.

Big Bud 747 има неколку „браќа и сестри“, но никој од нив не може да се мери по габаритот и моќноста. Во последните години овој трактор практично е неактивен и го напушта музејот во градот Кларион во Ајова само во специјални случаи.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK