Најевтиното BMW доаѓа во септември

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата BMW објави дека ќе го пушти во продажба првиот електричен тротинет во историјата на брендот. E-Scooter тежи 9 килограми, а развива максимална брзина од 20 км/ч. Истиот ќе се произведува од страна на компанијата Micro Mobility Systems AG од Швајцарија.

Скутерчето може да помине до 12 километри со едно полнење. Моќноста на моторот е 150 Вт, а литиум-јонската батерија се полни до 100% за околу 2 часа.

На прво место BMW E-Scooter ќе се продава само од „ограничен број дилери“. Продажбите почнуваат во септември за цена од 799 евра.

Клиентите за кои ова е премногу скапо ќе можат да се насочат кон конвенционалниот тротинет Сity Scooter за околу 200 евра. За најмалите, пак, BMW го предвидува Kids Scooter (120 евра).

Следете не и на:

24AUTO NETWORK