Произведувачите на хиперавтомобили секогаш на прво место ја имаат максималната брзина која возилата можат да ја постигнат. Поведени од таа цел тие одат кон создавање на автомобили кои можат да достигнат неверојатна брзина.
Во моментов апсолутен рекордер е Koenigsegg Agera RS, возило кое може да стигне до 447 километри на час. Ова е предизвик за другите компании, па веќе се најавуваат возила кои ќе се обидат да ја надминат границата.
Хиперавтомобилите Bugatti Chiron и Hennessey Venom F5 се очекува да бидат тие што наскоро ќе ги подобрат овие бројки така што дефинитивно продолжува напредувањето. Нивните резултати се очекува во скоро време да бидат потврдени и да станат официјални, па тогаш ќе дојде и до смена на врвот.
Инаку, на списокот на 27-те најбрзи возила во светот се наоѓаат:
Aston Martin V12 Vantage S – 330 км/ч
Audi R8 V10 Plus – 330 км/ч
McLaren 675LT – 330 км/ч
Bentley Continental GT Speed – 331 км/ч
Ferrari GTC4Lusso – 334 км/ч
Porsche 918 Spyder – 337 км/ч
Ferrari F12tdf – 340 км/ч
Jaguar XJ220 – 349 км/ч
Ferrari LaFerrari – 350 км/ч
Lamborghini Aventador S – 350 км/ч
Lamborghini Centenario – 350 км/ч
McLaren P1 – 350 км/ч
Aston Martin One-77 – 354 км/ч
Lamborghini Veneno – 355 км/ч
Noble M600 – 362 км/ч
Zenvo ST1 – 374 км/ч
Pagani Huayra BC – 383 км/ч
McLaren F1 – 386 км/ч
Koenigsegg CCR – 387 км/ч
Saleen S7 Twin Turbo – 399 км/ч
Bugatti Veyron – 408 км/ч
SSC Ultimate Aero – 412 км/ч
Bugatti Chiron – 420 км/ч (електронско ограничување)
Hennessey Venom GT – 428 км/ч
Bugatti Veyron Super Sport – 431 км/ч
Koenigsegg Agera RS – 447 км/ч
Hennessey Venom F5 – 484 км/ч