На „црна листа“ ако препродавате Aston Martin

ОБЈАВЕНО НА:

Препродавањето не е казниво дело, но лесно може да бидете ставени на „црна листа“ доколку имате намера да продадете Aston Martin. Но, не секое возило туку само ако станува збор за Valkyra, познат како AM-RB 001. Во него е вградено се што е најново од технологијата на Aston Martin и на Red Bull Racing.

Веќе е отворен процесот на пријавување, а бидејќи ќе има ограничена серија борбата да се дојде до некој од возилата што се планирани да се произведат ќе биде многу голема. Оние што нема да имаат среќа да бидат на листата, ќе мораат да се снаоѓаат. Оние побогатите сигурно нема да жалат пари да откупат некое возило од оние што ќе ги добијат.

Но, ако ве „фатат“ од Aston Martin,. тогаш ви се пишува „црно“. Во истиот момент ќе бидете избришани од листата на нарачки и трајно ќе ви биде забрането да бидете во контакт со најновите модели или некои специјални серии. Тоа го потврди и Енди Палмер, првиот човек на Aston Martin.

Компанијата планира да произведе само 150 примероци од моделот, од што 25 ќе бидат во тркачка верзија. Хибридниот погон ќе вклучува атмосферски мотор на Cosworth od 6.5 литри V12 и електромотор, а вкупната сила ќе бида над 1.100 КС. Цената е поголема од 3 милиони евра.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK