Lancia Delta Integrale 16V важи за особено почитуван автомобил кај вљубениците на спортските автомобили, особено на оние од 80-те и 90-те години. Токму еден ваков автомобил од 1989 година е огласен за продажба.
Овој модел е огласен на американскиот интернет сајт Bring A Trailer. Во описот се наведува дека овој автомобил во САД е увезен од Полска и се наоѓа во одлична состојба при што сочувани се и оригиналните “Martini” налепници на екстериерот.
Под хаубата, овој автомобил е опремен со 2.0 литарски мотор со 205 КС и пет степен менувач. Почетната продажна цена е 5.100 евра, а автомобилот се продава по принципот на аукција поради што се очекува крајната, продажна цена да биде многу повисока.
Овој модел припаѓа на првата генерација на Delta која беше лансирана во 1979 година, а се произведуваше се до 1994 година. Потписник на дизајнот е легендарниот Џорџето Џуџаро, а година по премиерата овој автомобил е избран за “Европски автомобил на годината”.