Toyota Motor Corporation (Toyota) и Suzuki Motor Corporation (Suzuki) успеаја да се договорат и ќе имаат заедничко дејствување на пазарот во Индија. Според договорот кој беше направен Suzuki ќе и доставува на Toyota примероци од моделите Baleno и Vitara Brezza, а во обратен правец ќе бидат доставена Toyota Corolla за Suzuki.
Автомобилите ќе бидат понудени на индискиот пазар од соодветните претставници на двете марки, а дополнителни детали како пазарно лансирање, цени и спецификации ќе бидат познати подоцна.
Во ноември минатата година, Suzuki и Toyota објавија дека потпишале меморандум за разбирање, според кој двете компании ќе пуштат на пазарот во Индија целосно електрични возила и тоа околу 2020 година. За производството ќе одговара Suzuki додека Toyota ќе одговара исклучиво за техничката поддршка на проектот.