Секоја полиција посакува да има возило што ќе ги задоволи нејзините критериуми и ќе може да им пружи на „чуварите на мирот“ добри услови за работа.
Од следната година полицијата во Шведска во својата флота ќе има возила од Volvo и тоа од моделот V90. Овој автомобил ги мина сите строги тестови и доби најдобра оценка во тестирањето што го спроведе шведската полиција.
Возилата за итни случаи мора да исполнуваат многу построги норми во однос на класичните патнички возила. Автомобилот што го сака шведската полиција треба да задоволи строги критериуми во однос на перформансите, удобноста и квалитетот, за да бид епрогласен за „идеален за полициски потреби“.
Шведската полиција при правењето на тестот се фокусирала на пет главни подрачја: тест на сопирање, совладување препреки, акција со сопирање и без сопирање, тест на итно возење со голема брзина. Вкупната оценка што Volvo V90 ја добило изнесува 9,2 од можни 10, што е највисока оценка досега добиена.
Тестовите покажале дека на ова возило е тешко да му се најде некоја мака. За да се трансформира овој премиум автомобил во возило за итни случаи одделот на Volvo Car Special Product развил возило во согласност со специфичните барања на полицијата.
Кога ќе почне да се употребува веројатно тешко ќе биде воопшто да му се избега на пат.
https://www.youtube.com/watch?v=WDyfZ72aTdQ