петок, 25 август, 2025 година

На 4 ноември доаѓа освежената втора генерација на SsangYong Rexton

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Јужнокорејскиот SsangYong најави дека на 4 ноември ќе го претстави освеженото издание на втората генерација на најголемиот СУВ модел – Rexton. Моделот веќе се тестира во Скандинавија а за следната година е најавенo доаѓањето во салоните во Европа..

Првично моделот ќе се појави на пазарот во Кореја до крајот на годинава, а во европските салони се очекува во втората половина од 2021 година.

- Advertisement -

Сегашната генерација на Rexton е на пазарот од 2017 година, па сега е време на малите очекувани и нормални промени и подобрувања на моделот. Првите фотографии на SsangYong Rexton покажуваат комплетно изменет преден дел со поголема маска, светла, браник, како и дотеран заден дел со нови LED светла и хромирана лајсна.

Димензиски Rexton остана со истите димензии -4.850 мм. ширина – 1.960, висина – 1.825 и со меѓуоскиното растојание од 2.865 мм.

Во внатрешноста се најавени нови, подобрени детали, и модерен инфозабавен систем со графика која е во чекор со времето и практични за користење, со сите протоколи за AppleCarPlay и Android Auto поврзување. Ќе има и нов управувач и покравлиттени материјали.

Деталите за моторизацијата ќе бидат објавени на 4 ноември, но сигурно е дека Rexton ќе добие нови, позелени и поефикасни мотори, веројатно со задржување на сегашниот 2,2 турбидизелски мотор. Не се знае дали ќе има нешто поврзано со електрификација, но не е исклучено да има нешто поврзано со новите технологии.

Претходната, прва генерација се произведуваше цели 17 години.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја