Одбележувајќи ја својата 56 годишнина, моделот Ford Mustang прослави уште еден одличен резултат – уште една година, петта по ред е најпродаваниот спортски автомобил во светот. Компанијата објави дека лани биле продадени 102.090 возила.
„Ние сме горди на растечките резултаи на семејството на Мустанг и моќнит еверзии, изјави Џим Фарли, главниот оперативен директор на компанијата Ford Motor company.. “Од Шведска до Шангај, се повеќе и повеќе ентузијасти возачи уживаат во чувството за слобода и ги откриваат американските патишта во овие нови модели на Mustangs. Тоа е чест за нас да им служиме на нашите клиенти, ентузијасти и фанови цели 56 години и да продолжиме тоа да го правиме“
Во 2019 година, во Европа беа продадени 9.900 возила Mustang (+ 3%), при што побарувачката за модели во Германија се зголеми за 33%, во Полска за скоро 50% и во Франција скоро двојно.
Низ цела Европа, Mustang е достапен со избор на две верзии на каросеријата, како и петлитарски, бензински мотор V8 со 449 коњски сили (10-степен автоматски или 6-степен мануелен менувач) и 2,3-литарски бензински мотор EcoBoost со 291 коњски сили и 6-степен мануелен менувач.
За најсериозните љуубители на моделот, Ford нуди и специјална верзија на Mustang BULLITT со 460 коњски сили.