All Time Stars, дивизијата за класични автомобили на Mercedes-Benz, продава реплика на првиот автомобил во светот со мотор на внатрешно согорување кој е регистриран во светот.
Станува збор за машина која го носи името Benz Patent Motorwagen и која има добиено лиценца на 29 јануари во 1886 година. Практично тој автомобил ги поставува и основите на Mercedes-Benz.
За да се одбележи значењето на автомобилот, Мерцедес создава неколку реплики во перидотот 2001-2002 година, а овој примерок е излезен во 2002 година и е целосно функционален.
Дел од карактеристиките се максимална брзина од 16км/ч, а го придвижува 1-цилиндричен бензинов мотор. Ентериерот е кожен.
Цената за која возилото ќе биде продадено е неизвесна со оглед на тоа што Германците му упатуваат порака на секој кој има заинтересираност да се поврзе со нив за да добие повеќе детали.