Mercedes ќе има достоен ривал сезонава: Фетел и Ferrari победиja во Австралија

ОБЈАВЕНО НА:

По септември 2015 година ова е прв триумф за Фетел и Ferrari кои најавуваат дека се подготвени да го предизвикаат Mercedes, и да ја прекинат нивната доминација.

Новата сезона во Формула 1 донесе и најава за повозбудлива година откако четирикратниот светски првак Себастијан Фетел по речиси две години повторно се искачи на врвот од победничкиот пиедестал триумфирајќи на трката во Австралија. Ова би требало да биде можеби најавата за крајот на тригодишната доминација на Mercedes во Формула 1.

Возачот што тргна од пол позицијата Луис Хамилтон имаше лоша стратегија на влегување во боксот за менување гуми, и тоа го чинеше првото место. Тој на крајот заврши како второпласиран со 9,9 секунди заостанување. Двоецот на Mercedes, Хамилтон – Ботас ги пополни првите три места, со тоа што новиот член на германскиот тим се искачи на третото место.

Последен пат Ferrari триумфираше во Ф1 во Сингапур 2015 година, што истовремено беше последна победа и за Фетел. Австралија и не е негова омилена патека, зашто само еднаш тука се радувал на победа, во 2011 година кога пото абеше светски првак со Red Bull. За Германецот ова е 43 триумф во кариерата во Ф1.

За четвртиот триумф на Фетел во Ferrari му требаше само да има добра тактика, односно да ја сочека грешката на ривалскиот тим. Хамилтон како лидер реши уште во 18 круг да влезе во боксот и да ги смени гумите. Тоа беше погрешен потег зашто потоа излезе зад Макс Верстапен кој успеа да го задржи зад себе, а Фетел возеше уште пет кругови во кои направи доволна разлика за да остане на првото место и по влегувањето во боксот во 23 круг. Потоа до крајот на трката Хамилтон немаше вистинска шанса да го предизвика Фетел.

Проблеми имаше и Red Bull и Даниел Рикардо. Тој ја почна трката со казна од пет места бидејќи мораше да го смени менувачот, а потоа се откажа поради проблем со моторот во средината на трката. Шест возачи не ја завршија трката меѓу кои и двојниот светски првак Фернандо Алонсо на McLaren.

Резултати од трката во Австралија
1 Себастијан Фетел – FERRARI 1:24:11.672
2 Луис Хамилтон – MERCEDES +9.975
3 Валтери Ботас – MERCEDES +11.250
4 Кими Раиконен – FERRARI +22.393
5 Макс Верстапен – RED BULL +28.827
6 Фелипе Маса – WILLIAMS +83.386
7 Серхио Перез – FORCE INDIA +1 круг
8 Карлос Саинц – TORO ROSSO +1 круг
9 Даниил Квјат – TORO ROSSO +1 круг
10 Естебан Окон – FORCE INDIA +1 круг

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK