Маск со црни прогнози – Ford нема да повеќе да постои

ОБЈАВЕНО НА:

Да се биде во центарот на вниманието е на прво место. Тоа е така за Илон Маск кој никако да го оттргне вниманието на јавноста. По бројните скандали, неочекувани изјави, 47 годишниот милијардер роден во Преторија, Јужна Африка, излезе со уште една скандалозна изјава.

Така, Маск, во изјава за американските медиуми му предвидува црно сценарио на еден од најголемите американски производители на автомобили – Ford. Тој изјави дека ако Ford се соочи со уште една криза тоа ќе биде и последна за производителот од Детроит и дека по таа криза оваа компанија повеќе нема да постои.

“Ford и Tesla многу тешко ја поминаа последната рецесија. Големи се шансите да следната Ford воопшто не ја преживее” изјави Маск во интервју за американскиот медиум Recode.

Во интервјуто тој додаде и дека е апсурдно што Tesla воопшто постои по бројните проблеми со кои се соочи, но и дека полека, но сигурно компанијата застанува на “здрави нозе”.

Инаку Маск е во медиумска војна со Ford веќе некој период. Причината за тоа е конкуренцијата помеѓу овие две компании која особено се вжешти откако Ford ги објави амбициозните планови за електричната иднина на своите модели.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK