Коронавирусот не донесе многу промени кога е во прашање (ре)дистрибуцијата на богатството. Богатите станаа уште побогати, а сиромашните уште посиромашни.
Во низата на милијардери чие богатство значително порасна оваа година се вбројува и Илон Маск кој е сега побогат за 15 милијарди американски долари.
Порастот на богатството во најголема мера доаѓа од порастот на вредноста на акциите на Tesla кои на Њујоршката берза се зголемија за 14%. Со оглед на тоа што Маск поседува околу 20% од вкупниот број на акции, неговото богатство сега се проценува на 117,5 милијарди долари.
Оваа промена го смести Маск во топ 3 најбогати американци поминувајќи го Цукенберг.